(ВИДЕО) Крузер удри во пристаништето во Венеција, повредени најмалку пет лица


Пет лица беа повредени при судир на голем крузер и туристички брод откако крузерот „МСЦ опера” ја изгуби контролата и удри во пристаништето во Венеција.

Според медиумите, трупот на бродот бил оштетен откако впловил во пристаништето, но сè уште не е познат размерот на штетата.

Несреќата се случи кога, според првичните податоци, реморкерите не успеале да стигнат до бродот кој излегол од трасата. Морската струја го однела кон пристаништето каде што бил вкотвен туристичкиот брод.

На малиот брод беа повредени четири лица, а едно на крузерот. Неколку патници паднаа во вода.

Командата на венециското пристаниште ги евакуираше патниците на бродот, а полицијата, спасувачите и противпожарната бригада пристигнаа на местото на настанот.