(Видео) Како се прават хачапури: Меки грузиски лепчиња полнети со кашкавал


 

Направете ги најмеките лепчиња исполнети со кашкавал, а овој грузиски рецепт е вистинскиот избор. Сигурно ќе ви се допадне.

Хачапури се традиционални грузиски лепчиња направени со полнење со кашкавал. Може да се направат и како мали лепчиња, со скршено јајце преку нив, но овој рецепт за меки лепчиња е многу повкусен. За да ги подготвите овие вкусни лепчиња не треба да сте вешта домаќинка.

Состојки:

100 мл топла вода
100 мл топло млеко
1/2 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 јајце
4 гр сув квасец
300 гр брашно
4 лажици масло
450 гр тврд кашкавал
За обложување:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко

Подготовка:

Во сад измешајте млеко, вода, сол, шеќер, квасец и јајце, па убаво изматете. Додадете просеано брашно и замесете тесто. На крај прелијте го маслото и месете додека тестото не го впие маслото. Покријте со проѕирна фолија и оставете на топло место да нарасне околу еден час. Тестото ставете го на набрашнета површина и посипете го со брашно, па кратко замесете го. Поделете на 2 еднакви дела и обликувајте топчиња. Секое размачкајте го со прстите и обилно посипете со кашкавал. Подигнете го тестото нагоре и соединете го за да направите лепиња. Потоа малку расукајте ја лепињата со сукало и ставете ја во тавче обложено со хартија за печење. Намачкајте со жолчка од јајце што сте ја изматиле со млеко и обилно посипете со кашкавал. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути. На ист начин направете ја и втората лепиња.