(Видео) Како изгледа животот во град во кој сите жители живеат во една зграда


До Витиер, Алјаска може да се стигне со траект или со поминување низ подземен тунел долг 4 километри кој минува под глечерот, а она што го прави овој град посебен е фактот што сите жители живеат во една зграда.

Зградата во која живеат се вика Бегички кули и е изградена во 1974 година за време на Студената војна. Во рамките на 14 ката, има сè што им треба на нејзините жители – од пошта, болница, полиција до градската администрација. Децата одат во училиште кое е поврзано со оваа зграда преку подземни премини и тунели.

На YouTube каналот Seek Discomfort беше споделено видео од Јутјубери кои решиле да го посетат и да преноќат за да покажат како изгледа секојдневието на ова уникатно место.

„На нашето последно патување во Алјаска, решивме да го истражиме овој чуден град на едно од најубавите места на планетата“, изјавија Јутјуберите Томас Браг и Стафан Тејлор.

Тие покажаа како изгледа да се дојде до овој мал град и внатрешноста на зградата во која поминаа една ноќ. Тие ги обиколија просториите и продавниците лоцирани во зградата и го истражуваа градот надвор од самата зграда.

На крајот од видеото тие изјавија дека биле обесхрабрени пред да дојдат на Алјаска, имајќи предвид дека изолацијата на ова место може да биде преголема за многу луѓе, но дека по посетата сфатиле дека токму тоа ги држи луѓето кои живеат на ова место заедно.