(Видео) Каде е топката – Иранец постигна неверојатен гол во футсал натпревар


Лигата на шампионите во фудбал е едно од најгледаните телевизиски натпреварувања во светот, но би можело да добие сериозна конкуренција во сличните натпревари во футсал, доколку играчите продолжат да постигнуваат атрактивни голови во ова натпреварување.

Еден од најубавите голови во историјата беше постигнат на натпреварот од Лигата на шампиони во футсал помеѓу унгарски Хонвед и португалска Бенфика. Хосеин Тајеби постигна гол кој се гледа десетина пати и кој тера да се фатите за глава…
Тој ја прими топката на гол-линијата свртен со грб кон голот, но успеа да направи пируета и да шутира во истото движење. Голманот на Хонвед немаше поим што се случува, не ни знаеше дека топката го мина и заврши во мрежата.
За среќа, има успорена снимка бидејќи во спротивно никој не би имал поим како беше постигнат гол за 3:1.

Впрочем, погледнете: