(Видео) Јапонски среднисти учат македонски јазик
Учениците од прва година во средното училиште Таканава од Токио со својот професор Томоки Аојама веќе осум месеци, вон редовната наставна програма, го изучуваат македонскиот јазик, а се запознаваат и со нашата земја, традиции и култура.

При посетата на амбасадорот на Македонија, Горан Цеков, сите деца се претставија на македонски и ги презентираастекнатите сознанија за македонската храна, природа, историја и др. На средбата присуствуваше и професорката Јуми Накаџима, истакнат јапонски славист и голем почитувач и познавач на македонскиот јазик и литература.