(Видео) Изјава на кандидати за пилоти кои би гаселе пожари

Обука за пилоти на авион, лесни воздухоплови, едрилици, но и за параглајдер и падобранци, субвенционира државата со 50 отсто, односно до 4.200 евра, а заинтересираните кои се јавиле на огласот денеска дадоа изјава зошто сакаат да станат пилоти.
Слушнете ги:
Се бараат седум приватни пилоти на авион (PPL-A), три пилоти на лесни воздухоплови (LAPL),пет пилоти на едрилици по програма со аерозабрега (GPL), 10 параглајдеристи и двајца падобранци.