(Видео) Група млади спасија семејство од пожар во Нант: Бебето го фрлија од балкон
Неколкумина млади во француски Нант станаа херои откако спасија семејство од пожар што го зафати нивниот стан во станбена зграда.
На драматичните снимки се гледа како младите им помагаат на членовите од семејството да побегнат од станот на трети кат во неделата попладне.
Шестмесечно бебе фрлија од баклон за да го спасат
Донесоа душеци во подножјето на зградата, а шестмесечно бебе беше фрлено од терасата на сигурно.
Бебето е префрлено во болница во критична состојба, но велат дека се опоравува.
Пожарникарите спасија уште луѓе
Еден од младите кои учествувале во спасувањето, Пахмид, за еден интерент портал вели дека одлуката да го фрлат бебето од балкон била „последното можно решение“ затоа што чадот се ширем од зградата во Нант.
Пожарот се проширил на уште неколку станови, а пожарникарите спасиле уште луѓе.
Кенза Зекар, претседателка на локалната организација на млади за Би-би-си вели дека организираче спасување на семејството додека локалните жители чекале да стигнат пожарникарите.