(Видео) Грчки рецепт за сочни пиперки: Полнети со одличен фил и богато посипани со сирење


Полнетите пиперки се одлична идеја за едноставен ручек.
Пиперките се многу прилагодливи за подготовка и од нив се прават едни од најубавите јадења, салати, прилози… Најчесто се полнети, а филот може да биде каков што сакате. Во Македонија пиперките обично се полнат со мелено месо и ориз или сирење, а доколку сакате да ги јадете, ви предлагаме да го пробате овој грчки рецепт. Направете пиперки полнети со туна и кромид, а потоа обилно посипете ги со сирење.

Состојки:
-2 пиперки
-140 гр туна во масло
-1 виолетова главица кромид
-1 стапче целер
-5 парчиња млад кромид
-1 лажица каперси
-тврдо сирење
-1/2 чаша мајонез
-2 лажици ситно сечкан свеж магдонос
-1 лажица сенф
-1 лажица сок од лимон

Подготовка:
Исечете ги пиперките на половина по должина и извадете ги семките. Наредете ги во тавче, прелијте ги со маслиново масло, па посолете и побиберете. Се пече во загреана рерна на 220°C околу 20 минути. Во сад измешајте ја туната со мајонезот, сенфот, сокот од лимон, па додајте ситно сечкан кромид, младиот кромид, целерот, каперсот и магдоносот. Добро измешајте, па наполнете ги пиперките и посипете со рендано сирење. Се враќа во рерна уште 5 минути, додека не се растопи сирењето.