(Видео) Гори океанот: „Огнено око“ во Мексиканскиот залив


 

Пожар на подводен цевковод на нафтената компанија „Пемекс“ во Мексиканскиот залив предизвика неверојатни сцени од океан во пламен.

Пожарот на површината на океанот западно од Мексиканскиот Полуостров Јукатан, рано во петокот е изгасен, соопшти државната нафтена компанија „Пемекс“, од каде сметаат дека причина за пожарот е истекување на гас од цевководот.

Портокалов пламен кој излегува од водата наликува на растопена лава наречен е „огнено око“ на социјалните мрежи заради кружниот облик на пламенто.

На пожарот му требаа пет часа потполно да згасне.

Нема информации за повредени, јавува Ројтерс.