(ВИДЕО) Фејсбук официјално ја претстави виртуелната валута Либра
Виртуелната валута либра на фејсбук пред извесно време доби средства од пејпал, убер и мастер кард, а сега го презентира својот долгоочекуван производ, кој заедно со дигиталното портфолио Калибра ќе бидат достапни за потрошувачите од 2020 година.
Либра е децентрализирана крипто-валута што ќе ви овозможи да испраќате пари на ватс-ап, инстаграм или месинџер и да правите мобилни плаќања преку интернет. Фејсбук има амбициозни планови со својот иновативен проект.
Новата крипто-валута е поддржана од невладината организација „Асоцијација Либра“, која вклучува голем број на корпорации и големи инвеститори. Меѓу нив се забележуваат имињата на мастер кард, виза, пејпал, страјп, ибеј, убер, луфт, спотифај, коинбејс, андерсен хоровитс… Секоја од нив може да донесува одлуки за виртуелната валута на Фејсбук. Идејата е вкупниот број на учесници во проектот ќе достигне 100, информира Мешабл.
Фејсбук, исто така, соопшти дека нема да имаат привилегија и посебно право да гласаат против другите акционери на либра. Се очекува валутната стабилност да се обезбеди со поврзување со американскиот долар. Друг интересен елемент на стратегијата на компанијата е дека вредноста на либра нема да може да се зголеми или намали за повеќе од 10% во текот на еден ден, како што често се случува со биткоин. Валутата ќе биде достапна за сите кориснички профили на социјалните мрежи.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=77&v=4zw-jpVFKMY