(Видео) Двајца суспендирани поради непотребна бруталност на полицијата во Њујорк

(Си-Ен-Ен) Педесет и седум полицајци во Бафало, Њујорк, поднесоа оставки од тимот за брзи интервенции по суспензијата на двајца полицајци кои турнаа 75-годишен демонстрант на земја.
Во тек е истрага за овој инцидент, кој гувернерот Ендрју Куомо го нарече „целосно неоправдан и крајно безобразен“. Мажот е сериозно повреден.
Видеото од демонстрациите во четвртокот покажува дека полицајците одат кон човекот и двајца го туркаат. Неговата глава крвари на тротоарот додека полицајците си поминуваат покрај него, а некои не го ни гледаат.
Демонстрантите на плоштадот Нијагара, како и другите низ целата земја, повикуваа на расна правда по убиството на Џорџ Флојд од полицијата во Минеаполис.
Овие 57 офицери поднесоа оставки од единицата за брзи интервенции, но не и од силите. Кабинетот на градоначалникот на Бафало изјави за Си-Ен-Ен дека 57-те члена што си дадоа оставка од единицата го сочинуваат целиот активен тим за одговор при итни случаи.
Police in the US are out of control, exhibit number 27,901,224… (warning: graphic) pic.twitter.com/f1oze1nJyq
— Andrew Stroehlein (@astroehlein) June 5, 2020