(Видео) Драма на лет за Глазгов: Се закануваше со бомба и извикуваше „Алаху Акбар“. Го совлада човек од нашите краишта


Патник на лет на Изиџет (easyJet) од лондонскиот аеродром Лутон до Глазгов, Шкотска, извикувал заканувачки слогани еден час по полетувањето, вклучувајќи закана за „експлодирање бомба во авионот“ и слоганите „Смрт за Америка“ и „Смрт за Трамп“. Инцидентот се случил утрото на 27 јули, а снимките од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи загриженост и осуда, објави „Њујорк пост“.

Се појави видео на кое се гледа како е совладан од патник од нашите краишта. На видеото може да се слушне како еден од патниците на српски вели: „Пи**а ти материна“, и станувајќи и совладувајќи го човекот што ја упатил заканата со бомба. Тој го собори на подот и го држеше додека не пристигнал персоналот, велејќи му да „седи“.

 

Всушност станува збор за Зоран Настески кој живее во Велика Британија и кој по татко е Македонец, а по мајка Србин.

Настески за СДК.мк изјави дека му било јасно дека лажно се заканува и сакал да ги заштити патниците.

„Станав, го соборив на земја, му го земав телефонот, и му ги држев рацете сѐ до слетувањето. Потоа, ми помогна уште еден патник, Англичанец, кој го држеше заедно со мене“, изјави Настески за СДК.

Патникот гласно извикал: „Ќе го дигнам авионот во воздух! Смрт за Америка! Смрт за Трамп!“, а потоа постојано повторувал „Алаху Акбар“. Патниците беа во паника, но еден од нив храбро скокна од своето седиште, го зграпчи човекот одзади и го собори на подот. Други патници му притрчаа на помош и го држеа до принудното слетување во Глазгов.

Еден од патниците што го совлада му рече на човекот да не се помрднува. Според извештаите, човекот почнал да упатува закани откако се вратил од тоалетот. Властите потврдија дека дејствувал сам, а при пребарувањето на авионот не е пронајден експлозивен материјал. Полицијата го уапси човекот на аеродромот во Глазгов веднаш по слетувањето.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marko Miljković (@markoaludeminutivu)

Изи џет изјави дека безбедноста и благосостојбата на патниците и екипажот се нивен врвен приоритет и дека полицијата го отстранила патникот поради неговото однесување за време на летот. На социјалните мрежи, корисниците го пофалија патникот кој спречил потенцијална опасност.