(ВИДЕО) Дејан Манасков со пораз и крвава глава го заврши дербито меѓу Веспрем и ПИК Сегед


Дејан Манасков во големото дерби на унгарскиот ракомет, помеѓу неговиот Веспрем и ПИК Сегед, доживеа пораз, но и заработи повреда на главата.

Неговиот тим загуби од големиот ривал кој е противник на Вардар во четвртиналето од Лигата на шампионите, со резултат 28:27, а во 23. минута од мечот нашиот репрезентативец доби удар во главата од Ален Блажевиќ.

Судиите не го заблежаа тој момент и оставија играта да продолжи. Манасков револтиран од потегот и со крвава глава тргна да се пресмета со Блажевиќ и со остатокот играчи кои беа на клупата за резерви на ПИК Сегед. За среќа, тој на време беше спречен да направи уште поголем инцидент.

https://www.facebook.com/M4sport.hivatalos/videos/712147672536257/