(Видео) Блогерка открива како од белата кошула да направите модерно парче за во лето
Белата кошула е задолжително парче облека кое треба да се најде во сечија гардероба, токму поради нејзината едноставност да се комбинира со различни комбинации на облека.
Идеално може да се носи со фармерки за опуштена дневна варијанта, но одлично ќе се комбинира и со елегантно здолниште за деловен состанок, додека подолгата бела кошула доколку е затегната со ремен ќе изгледа убаво како фустан.
Постојат многу начини на кои можете да користите бела кошула за различни стилски комбинации и пригоди, а една модна блогерка на својот „Инстаграм“ профил откри уште една интересна варијанта како од неа да направите шик и заводливо парче облека.
Таа сподели видео во кое покажа како се прави сосема поинакво парче облека. На видеото се гледа како оваа блогерка ја врти кошулата и ја става на грб без да ја закопча, а потоа го превртува тој дел преку глава и прицврстува само едно копче. Потоа ги свитка рабовите на кошулата и ја намести така што нејзините раменици останаа отворени. Првично долга кошула, на овој начин таа стана половина пократка и поелегантна.
Погледнете го видеото: