(ВИДЕО) Биг Мајк: Македонија ќе направи бум со канабисот


Мајк Штрауметис познат како Биг Мајк, кој неодамна беше во посета во земјава, вели дека Македонија може да излезе од криза и да направи многу во бизнисот со легализацијата на канабисот. Тој на својот профил на „Инстаграм“ објави видео во кое објаснува дека земјава има потенцијал за развој доколку тоа добро го направи.

„Земја на чиста убавина. Земја со уникатна историја. Македонија е полна со вредни и интелигентни луѓе подготвени за промена. Канабисот може да биде таа промена. Со околу 40.000 потенцијални нови работни места по легализацијата, постои огромна можност за Македонија – ако го сторат тоа правилно. Затоа, разговарав директно со премиерот Зоран Заев за фер лиценцирање на канабисот и како да се создаде јасен пат до европскиот пазар. Со економично земјиште, електрична енергија и вода, Македонија е главна локација за бум канабис – вели Мајк.

Тој додава дека е свесен што на многумина од луѓето кои живеат во Македонија им е потребна помош во решавањето на проблемите, но за да се направи влијание потребна е фокусирана енергија.

– Треба да ја вклучите и локалната самоуправа. Ако се чувствувате сами во вашата борба, пронајдете група на истомисленици и започнете заедно да се залагате. Запомнете, гласовите на многумина секогаш ќе бидат помоќни од викањето на еден. Слушајте, знам дека канабисот ќе спаси животи, па дури и ќе ги извлекува земјите од темнина. Сум го видел тоа од прва рака. Значи, ако сакаме канабисот да биде прифатлив и секојдневен дел на човештвото, треба да му ја покажеме неговата вредност на светот. Луѓето и компаниите исто така треба да започнат да разговараат со законодавните тела, да се организираат“, додава Мајк.

Тој е сопственик на компанијата „Адвенс нутриентс“ која годинава слави 20 години од своето постоење. Тој на 23 години влегува во бизнисот во САД, по што повеќе од една деценија, како што пишуваат медиумите, бил во бегство со седум различни идентитети. Од 1996 година влегува во Канада, каде што ја отвора својата компанија „Адвенс нутриентс“. Таа е број еден компанија во светот за продажба на хранливи продукти специјализирани за канабис, со 90 милиони американски долари годишно во продажба во повеќе од 93 земји.

 

View this post on Instagram

 

A country of pure beauty. A country with a unique history. A country that’s had its fair share of struggles. North Macedonia is full of hardworking and intelligent people ready for a change. Cannabis can be that change. With around 40,000 potential new jobs after legalization, there’s a huge opportunity for North Macedonia — if they do it right. That’s why I spoke directly with the prime minister about fair #cannabis licensing and how to create a clear pathway into the European marketplace. With cost effective land, electricity, and water, #NorthMacedonia is a prime location for a cannabis boom… I know many of you need help in your state or country, but in order to make an impact, you need to have focused energy. You need to chip away at one issue and get involved with your local government. If you feel alone in your fight, find a group of like-minded individuals and start advocating together. Remember, the voices of many will always be more powerful than the yelling voice of one. Listen, I know cannabis will save lives and even pull countries out of dark times. I’ve seen it first-hand. So, if we want cannabis to be an acceptable and everyday part of healing humanity, we need to show its value to the world. People and companies alike need to start talking with legislatures, #advocating for studies, and supporting new #CannabisCommunities. Now tell me, what are you advocating for? . #CannabisCommunity #BalkanCannabis #HealHumanity

A post shared by BigMike (@bigmike) on