ВФВ клиник-во Скопје отворена нова болница


Вчеравечер беше свечено отворена новата приватна клиника –ВФВ клиник, под слоганот Верни на вашето здравје која има за главна цел да донесе поефикасно и поконцизно здраство кое на најдобар начин ќе му служи на општеството.
На вчерашното отварање присуствуваа претставници на државниот врв, претседателот на ДУИ г-дин Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, ресорниот министер за здравство Венко Филипче, г-дин Шахи Фетаху претседател на ИВЗ и претставници на амбасади, еминентни бизнисмени и доктори. Свое обраќање имаше директорката на ВФВ клиник Д-р Којиќ која го отвори официјалниот дел на настанот и ги најави сопствениците на ВФВ клиник г-дин Беким Незири и г-дин Ферки Демировски кои во своето излагање јасно ја преносоа главната порака на клиниката и изразија голема благодарност за целосната поддршка упатена од сите за отворање на ваков здравствен дом.

ВФВ Клиник е нова приватна здравствена установа од примарна и секундарна здравствена заштита, која се наоѓа помеѓу општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, на лесно пристапно место за со приватно возило и јавен превоз.

Истата е во непосредна близина на бул. Босна и Херцеговина, одалечена помалку од 1 км од Качанички пат и скопската обиколница и 4 км одалечена од центарот на градот.

Во склоп на комплексот на клиниката се сместени биохемиска, молекуларна и микробиолошка лабараторија.

Клиниката на примарно ниво ќе работи во мрежа на здравствени установи, односно општите лекари ќе бидат матични лекари (поврзани со фонд). Потоа, мобилен тим за домашна посета и секундарна медицина составена од осум доктори специјалисти и десет средно технички персонал. Секундарната медицина е составена од следните дејности: педијатрија, интерна медицина, трудова медицина, психијатрија, гинекологија, гастроентерохепатологија, кардиологија , рентген дијагностика.