Ветераните од Нормандија дојдоа во колички во Франција, најстариот има 107 години (ВИДЕО)

Најмладиот ветеран во групата што од САД слета во Нормандија има 96 години, а највозрасниот 107 години


Хилберт Маргол не се гледал себе како херој кога неговата атилериска единица  се бореше низ Европа за време на Втората светска војна. Но, тој дојде во  Франција како еден од 60-те американски ветерани што се истоварија во Нормандија за да ја одбележат 80-годишнината од слетувањето на Денот Д. На аеродромот беа дочекани од многу воодушевени граѓани кои сакаа да им покажат почит, особено што повеќето од нив се над стогодишна возвраст и дојдоа во колички. 

„Никогаш не гледав на тоа како да сме херои, ништо слично“, рече Маргол неодамна за себе и за неговиот брат близнак Хауард, кој служел со него. „Тоа беше само наше време. Од нас беше побарано да служиме и ние тоа го направивме“.

100-годишниот Маргол, кој живее во предградието на Атланта, е еден од се помалата група ветерани од Втората светска вјна конфликтот што викендов со чартер лет дојде во Довил, Нормандија. Ветераните ќе учествуваат во паради, училишни посети и церемонии – вклучително и официјалната комеморација на 6-ти јуни на истоварување на војниците од САД, Велика Британија, Канада и други сојузнички нации на пет плажи. Најмладиот ветеран во групата има 96 години, а највозрасниот 107, според нивниот авиопревозник од Далас, American Airlines.

Претседателот Бајден, украинскиот претседател Володимир Зеленски и британското кралско семејство се меѓу ВИП личностите што Франција ги очекува за настаните на Денот Д.

Во четврток се одбележува 80-годишнината од познатиот слетување на Денот Д, исто така познат како Операција „Оверлорд“ – една од најодлучните воени кампањи во Втората светска војна, во која беше забележан комбиниран поморски, воздушен и копнен напад врз Франција окупирана од нацистите. Околу 4.400 сојузнички војници загинаа, а околу 9.000 беа ранети или исчезнати.

Еден од ветераните запрашан за настанот одговори дека  кога одел на плажата Сворд се сеќава дека  видел неверојатна глетка “ Што би можеле да очекуваме? Најлошото“, рече тој. Тој додаде дека иако некои не верувале во Бога, но сите се молеле.Запрашан како било да се упадне на плажите во Нормандија, тој рече дека имало „ужасна бучава – удирања, пукања, куршуми насекаде и маса војници кои трчаат.

„Некои војници ги повикуваа своите другари, некои гледаа како тие умираат,некои момци  плачеа за своите мајки – тие беа многу исплашени“, рече тој.

Верува дека ова ќе биде последната голема комеморација на годишнината „за овие стари момци“, бидејќи можеби нема да има преживеани ветерани „за 10 години“.„Ова мора апсолутно треба да се снима“, рече тој.