Венс: Русија „бара премногу“ за крај на војната во Украина

Русија поставува нереалистични барања за крај на војната во Украина, и во Белата куќа постои растечко незадоволство околу обидите да се продолжат мировните разговори со Москва, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.
На средба со групата лидери од Минхенска безбедносна конференција денеска во Вашингтон, Венс рече дека САД се фокусираат на долгорочно решени откако Русија ја одби иницијативата на Вашингтон за 30-дневен прекин на огнот. Москва објасни дека привремено примирје не е во нејзин стратешки интерес бидејќи би и овозможило на Украина да се прегрупира.
-Русите поставија конкретен сет барања и отстапки како услов за завршување на конфликтот. Ние сметаме дека тие бараат премногу, изјави Венс.
Тој додаде дека следниот чекор е да се поттикнат Украина и Русија да започнат директен дијалог.
-Би сакале и Русија и Украина да се согласат барем на основни насоки за да седнат и разговараат меѓусебно. Тоа е следниот голем чекор што сакаме да го направиме, рече Ванс, сигнализирајќи дека администрацијата на Трамп е подготвена да биде поодлучна во преговорите со Москва.