Велика Британија досега вакцинира 11 милиони луѓе

Во Велика Британија првата доза од вакцината против Ковид-19 ја примија 11,5 милиони луѓе, а надлежните веруваат дека до средината на февруари со прва доза ќе бидат вакцинирани до 15 милиони луѓе.
Доктор Клајв Дикс, кој раководи со програмата за имунизација, за Би-би-си рече дека е уверен оти ќе се оствари најавената цел дека до мај ќе бидат вакцинирани сите граѓани постари д 50 години.
Според најновите податоци, во Британија се регистрирани нешто повеќе од 18.000 нови случаи, а починаа 828.