„Вашингтон пост“ ги објави имињата на 18.500 деца убиени во Газа

Убиените деца преставуваат дури 31 процент од жртвите на израелската агресија врз Газа ,а 900 од нив не го доживеаја ни првиот роденден


Светот е секојдневно уништен од слики и видеа, снимки од Газа каде што немаат што да пијат и јадат и не знаат дали ќе го преживеат тој ден.Бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп само официјално изјавува колку „е ужасно во Газа“ и всушност ги поддржува израелските напади, „Вашингтон пост“ одлучи да им оддаде почит на сите деца убиени во Газа.

Медиумот ги објави имињата на децата убиени во Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.Овој список, е дополнет со неколку индивидуални приказни и неколку фотографии доставени од семејствата на убиените деца.При преглед на списокот, на секои 500 имиња стои порака со бројот на имиња што се прочитани досега.

Во текстот, исто така, се наведува дека децата сочинуваат дури 31 процент од жртвите на израелската агресија врз Газа, и дека 900 од нив се убиени пред нивниот прв роденден.

„Вашингтон пост“ исто така пишува дека голем број деца се убиени во израелските воздушни напади, а особено се истакнува бројот на деца убиени во редови за храна, вода и хуманитарна помош.

Исто така, меѓу другото, се наведува колку деца починале од глад и јасно го идентификува Израел како виновник за блокирање на влезот на хуманитарна помош во оваа палестинска енклава.

„Вашингтон пост“ исто така цитираше неколку светски претставници кои јасно го осудија убивањето деца во Газа од стран