Вархеи: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога
Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеи пред парламентарната комисија за европски прашања.
-Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеи говорејќи за последните пет години на таа функција.
Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеи рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“.
Тој истакна дека во 2019 година во процесот на проширување учествувале седум членки на ЕУ, а сега има 10, додека во 2019 година имало пет кандидати, а бројот се зголемил на девет.
-Периодот од 2023 до 2024 година го „забрзува процесот на проширување“, рече тој, сугерирајќи дека новата Европска комисија треба да биде „комисија за проширување“ која работи на тоа да обезбеди нови членки да се приклучат до крајот на нивниот мандат.
Претходната комисија не го сметаше проширувањето за приоритет, што го турна процесот околу 10 години назад, рече Вархеи.