Вардар со ПИК Сегед дома на 25 април


Првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се одигра на 25 април (четврток) во Скопје со почеток од 20 часот. Наскоро ќе бидат објавени и деталите околу продажбата на билетите.

Реваншот во Унгарија е закажан за 5 мај (недела) во 19 часот.

Во другите дуели се среќаваат: Флензбург – Веспрем, Нант – Барселона и Кјелце – ПСЖ. Завршниот турнир традиционално се игра во Келн на 1 и 2 јуни.