Ван Бастен: Да играв до 38 години, ќе бев подобар од Роналдо
Амстердам – Поранешниот холандски фудбалер, Марко ван Бастен се спореди со напаѓачот на Ал Насра, Кристијано Роналдо.
– Кристијано Роналдо, мислам дека сум блиску до него. Освен што е физички посилен од мене. Има 38 години и уште игра. Би сакал да видам како е, кога би можел да играм до 38 години, мислам дека би бил подобар од Роналдо, изјави Ван Бастен за „Sportskeeda“.
Триесет и осумгодишниот Португалец има постигнато 20 гола на 25 натпревари откако се пресели во лигата на Саудиска Арабија во јануари оваа година.
Ван Бастен ја заврши кариерата на 31 година поради зачестените повреди.