Вакцинирани 467.822 граѓани, вчера вакцина примиле 12.053 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 467.822 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.686 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.053 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 293.139 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки, како што информираат од Министерството, 60 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, посочуваат од Министерството и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.
Теренската вакцинација продолжува и утре во 58 населени места
Вакцинацијата, како што соопшти попладнево Министерството за здравство, ќе се одвива во следниве населени места:
Тетово – Селце, Вејце, Лавце
Гостивар – Дебреше, Врањовце
Ресен – Горнa Бела Црква, Долна Бела Црква, Сопотско, Козјак, Евла, Горно Дупени, Болно
Штип – Калаузлија, Јунузлија, Парналија, Кучица
Свети Николе – Малино, Преод
Струга – Корошишта
Ростуше – Требиште, Велебрдо
Струмица – Муртино, Габрово
Неготино – Бесвица, Барово
Пробиштип – Плешенци
Кочани – Тркање
Кичево – Г.Строгомиште, Д. Строгомиште
Битола – Добромири, Д.Агларци, Г.Агларци, Делбеговци, Дедебалци, Путурус, Црничани, Добрушево, Алинци, Мусинци, Мојно, Ношпал
Охрид – Рамне, Велестово, Рача, Шипокно, Коњско, Елшани, Лагадин
Македонски брод – Лаг, Калуѓерец, Могилец
Велес – Виничани, Ногаевци, Водоврати, Кочилари
Скопје – Драчево, Батинци
Берово – Ратево
Од Министерството за здравство посочуваат дека секојдневно информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.