Вака изгледа животот во градот во кој паѓа најмногу снег во светот: „Постојана борба“ (фото)
Во еден јапонски град во текот на зимата паѓаат дури осум метри снег.
Станува збор за Аомори, кое важи за место со најмногу снежни врнежи во светот.
Овој град секоја година го погодуваат силни снежни виулици и ледени бури, па Аомори и околните места се покриени со дебел слој снег во текот на целата зима, кој останува до мај.
Си-Ен-Ен објави дека просечно годишно паѓаат 7,9 метри снег.
Луѓето мораат секојдневно да фрлаат лопата на снег, без исклучок. Снежните наноси понекогаш се толку високи што ги спречуваат луѓето да ги напуштат своите куќи, а улиците во центарот на градот се замрзнати.
Тротоарите се покриени со високи снежни ѕидови кои стануваат повисоки кога минуваат плугови кои ја расчистуваат улицата. Најмногу снег паѓа во овој град во последната недела од декември.
„Тука е постојана борба секој ден“, изјави во една прилика Јулија Минатоја, една од жителите на градот за Си-Ен-Ен.
Зошто врне толку многу снег во овој град?
Екстремните снежни врнежи се резултат на студените сибирски ветрови кои доаѓаат од северозападен правец и предизвикуваат забрзано формирање на облаци. Поради ниските температури во градот наместо дожд врне снег.
Сепак, и покрај големата количина на снег, Аомори не се затвора во зима. Многу туристи доаѓаат на скијање и други спортски активности. До Аомори може да се стигне со авион или воз.
Во овој град живеат околу 275.000 луѓе. Иако Аомори добива голема количина снег секоја година, градот не е претерано студен.
Освен Аомори, најснежните градови во светот ги вклучуваат Сапоро, Акита и Тојама во Јапонија, Св. Џон, Квебер и Сагунеј во Канада, Сиракуза, Рочестер и Бафало во САД.