В недела српските студенти ќе протестираат за распишување избори
Српските студенти најавија голем протест за в недела во повеќе градови низ Србија. Тие објавија мапа и листа на места каде ќе бидат поставени штандови за собирање потписи за распишување вонредни парламентарни избори.
Протестите ќе се организираат под слоганот „Распиши победа“.
„Цела Србија на 28.12. распишува победа“, напишаа студентите во својата објава.
Тие ги советуваат граѓаните да ја посетат веб-страницата и да го пронајдат градот и локацијата што им одговара најмногу, каде што ќе можат да остават потпис и лични податоци.
Како што е наведено, штандови ќе бидат поставени низ целата земја, а студентите ќе бидат присутни на вкупно 90 локации.
Студентите во блокада најавија дека на 28 декември ќе организираат нешто сосема поинакво во однос на досегашните активности.