Ужасна изјава на израелски министер: Палестинците мора да гладуваат!

Израелскиот министер Амихаи Елијаху го коментираше проширувањето на израелските воени активности во Газа и рече дека нема да има проблем со бомбардирањето на продавниците за храна во оваа област. Во интервју за Канал 7, Елијаху рече дека залихите од храна во Газа се всушност залихи контролирани од Хамас.
„Во моментот кога ќе им стане тешко, ќе му биде тешко и на Хамас. Немам проблем со бомбардирањето на резервите за гориво и храна. Тие мора да гладуваат. Ако има цивили кои се плашат за своите животи, треба да поминат низ планот за емиграција“, изјави Елијаху.
Елијаху претходно даде низа контроверзни и екстремистички изјави насочени против Палестинците, а во едно од интервјуата рече дека Израел мора да го скрши националниот сон на Палестинците.
„Мора да најдеме начини што се поболни од смртта за луѓето од Газа“, рече Елијаху.
Исто така, една од неговите изјави особено одекна низ целиот свет, а се однесуваше на употребата на нуклеарно оружје во Појасот Газа. По оваа изјава, Елијаху беше суспендиран и од владата, но од 2025 година повторно има политичка функција, овој пат како министер за наследство на Израел.
Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник објави дека како дел од новата офанзива на Израел, ќе има „преселба на населението“ и дека војниците нема да се повлечат од Газа. Претходно двајца израелски претставници изјавија дека израелскиот кабинет за безбедност одобрил план за заземање на целиот Појас Газа и останување таму на неодредено време.
Висок функционер на Хамас објави дека оваа група повеќе не е заинтересирана за преговори за примирје со Израел откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави поинтензивна офанзива во Газа.
„Нема смисла да се водат преговори или да се разгледуваат нови предлози за прекин на огнот сè додека војната за гладување и војната за истребување продолжуваат во Појасот Газа“, изјави за АФП функционер на Хамас.
Тој додава ја повикува меѓународната заедница да изврши притисок врз владата на Нетанјаху да ги прекине злосторствата со глад, жед и убиства во Газа.
Откако кревкото примирје во Газа пропадна кон средината на март, Израел го обнови бомбардирањето на територијата, а повеќе од 70 проценти од Газа е под израелска контрола или им се наредува на палестинските цивили да се евакуираат од одредени населби. Се верува дека Хамас сè уште држи десетици израелски затвореници кои беа заробени и киднапирани од јужен Израел за време на ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро остро ја осуди новата воена кампања на Израел во Појасот Газа.
„Тоа е неприфатливо“, рече тој во радио интервју објавено во „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека израелската влада го крши хуманитарното право.
Планот беше нападнат и од опозициските политичари, кои ја обвинија владата дека го става политичкиот опстанок пред животите на затворениците и војниците на ИДФ.
Според Министерството за здравство контролирано од Хамас, од почетокот на војната се убиени повеќе од 52.500 Палестинци. Бројките не можат да бидат независно потврдени и не прават разлика помеѓу борци и цивили.Израел тврди дека до јануари убиле околу 20.000 борци во борба и уште 1.600 терористи во Израел за време на нападите на Хамас.