Ужас во Франција – најден маж со отсечена глава и извадена утроба


Во Болен, Франција, пронајдено е тело на маж без глава и отстранета утроба.

Според првите информации, полицијата смета дека во моментов не станува збор за терористички напад.

Полицијата објави фотографија од мажот, кој е осомничен за ова убиство. Тој е идентификуван како Алекс Мартин, а моментално е во тек обемна полициска потрага по него.

Полицијата ја предупреди јавноста дека осомничениот е вооружен со нож и е опасен. На сите кои ќе го видат советувано им е да пријават во полиција.

Ужасното убиство се случило во округот Вауклус, во позната туистичка област Прованса – Алпи Азурен брег.

Локалните медиуми јавуваат дека по осомничениот се трега со хеликоптер, кучиња, а распоредени се и други ресурси во тоа подрачје за да помогнат во потрагата.