Утре наутро облечете се потопло – се очекуваат температури под и околу нулата
Управата за хидрометеоролошки работи за утре наутро предупредува дека следуваат ниски температури.
Во поголемиот дел од земјава температурите се очекуваат да бидат околу 0 степени Целзиусови, а на места и под нулата.
Во метео предупредувањето издадено од УХМР се вели дека утре ќе имаме негативни минимални температури.
– Утре изутрина температурата во поголем дел од земјава ќе биде околу, а на места ќе се спушти и под нулата – стои во објавата на УХМ на Фејсбук.