УСС УКИМ го откажа собирот за Кочани, студентите дојдоа

УСС УКИМ го откажа денешниот мирен собир во чест на жртвите од Кочани со објаснување дека на кампусот на Природно-математичкиот факултет нема доволно простор за да се соберат сите кои сакаат да дојдат и да оддадат почит.
Сепак, студентите не ја испочитуваа одлуката на Универзитетското студентско собрание и се собраа пред ПМФ да оддадат почит за трагично загинатите.