Успех на македонски убавици на изборот за Мис и модел на Галаксијата за тинејџерки 2026 во Банско


Во Банско, Бугарија , минатиот викенд, се одржа финалето на изборот за Мис и модел на Галаксијата за тинејџерки за 2026, на кој нашата држава имаше три претставнички.
 
 
Тие направија голем успех освојувајќи титули секоја во својата возрасна категорија.
14 годишнина Нина Црнокрак и 17 годишната Лина Настевска победија во конкуренција на модели, а 15 годишната Ангела Ваневска победи во конкуренција на мис.
 
 
Финалето на изборот се одржа во Националниот Театар во Банско, во организација на „Интерсаунд“, најстарата модна агенција во Бугарија. 
Трите наши убавици се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина и модели.