Уште седум седмици и Ѓоковиќ ќе ја достигне бројката од 400 на врвот на АТП

Водечката позиција на листата на најдобри светски тенисери и оваа недела му припаѓа на Новак Ѓоковиќ, кој 393-та недела ја започна како играч број еден во светот.
Во однос на минатата недела, Ноле загуби 250 поени и сега има 11.545, додека второпласираниот Карлос Алкараз зграпчи уште 90 и со 8.625 поени и понатаму „му дише во врат“ на големиот шампион.
Зад нив двајца се најдоа уште и Данил Медведев, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Тејлор Фриц, Каспер Руд и Александар Зверев.
Ѓоковиќ до крајот на годината ќе игра во Париз, завршниот Мастерс во Торино и Дејвис Купот, па неговиот прв следбеник Карлос Алкараз ќе ја чека својата шанса да се врати на првото место. Шпанецот моментално се наоѓа во Пекинг, каде стигна до четвртфиналето. Моментално е на 8.625 наспроти 11.545 на Ѓоковиќ, па јасно е дека сè уште не може сериозно да му се закани.