Уште пет нови случаи со делта сојот во Македонија
Делта верзијата на корона вирусот почна да се шири во државата, а најголем дел од случаите се од Тетово, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Во моментов детектирани се вкупно осум случаи на заразени со индискиот сој. Во последната недела се откриени пет случаи, од нив три во Тетово и по еден во Скопје и Куманово.
Филипче вели и дека се размислува за воведување некакви ограничувања за оние кои не се вакцинирани, а вакцинацијата е единствен начин во борба против новите соеви.
Филипче уште еднаш упати апел што поголем број граѓани да се вклучат во процесот на имунизација за да се избегне втор бран наесен, за кога се можни и рестрикции во случај да дојде до влошување на епидемилошката состојба во државата.
Во моментов се прават анализи според кои, од вработените во здравството вакцинирани се над 85 отсто, а во градинките и училиштата над 54 отсто од вработените, додаде Филипче.