Уште пет месеци: Најавена Трета светска војна?


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека на пет месеци до изборите во САД може да избие трета светска војна поради неспособноста на актуелното американско раководство.

„Со идиотите кои ја водат оваа земја, нема да има многу луѓе живи бидејќи моќта на модерното оружје е застрашувачка. Можеме да бидеме втурнати во Трета светска војна во следните пет месеци“, им рече тој на поддржувачите во Минесота.

Поранешниот претседател повтори дека „претстојат опасни пет месеци поради овој лудак“, мислејќи на неговиот претседателски ривал Џо Бајден.

Трамп, исто така, уште еднаш вети дека ќе го реши „страшниот“ конфликт во Украина доколку победи на изборите во ноември.

Тој повтори дека не би дозволил да дојде до овој конфликт доколку продолжи да ги води САД.