Уште еднаш опериран Роберт Фицо


Премиерот Роберт Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше опериран во петокот, известија неговиот заменик Роберт Калинак и директорката на болницата во Банска Бистрица Миријам Лапуникова, додавајќи дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна.

„Некротичното ткиво оставено од прострелната рана е отстрането. Пациентот сега е свесен, стабилизиран, но се уште се лекува на Одделот за интензивна нега. Неговата состојба е навистина сериозна”, изјави директорот на болницата.

Лапуникова рече дека лекарите одлучиле премиерот да оди на уште една операција по томографијата, што е стандардна процедура.