Уште една потврда за составот на вакцината против корона вирусот


 

Откако Американската управа за храна и лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 за итна употреба на 11 декември, почна и вакцинирањето.

Откриени се и состојките на вакцината на „Фајзер“, која ќе ја примат луѓето ширум светот.

Во Америка први почнаа да се вакцинираат здравствените работници и корисниците на домовите за стари лица, додека сите кои не се во критичните групи мора да почекаат уште неколку месеци. Сепак, сите ги интересира составот на наведената вакцина.

Вчера објавивме објаснување на хрватска научничка, кое е идентично на она што го потврдуваат денеска американски научници.

Вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 е направена со нова технологија наречена информациона РНК, Истата технологија ја користеше и „Модерна“ за развој на својата вакцина.

Информационата РНК работи така што ги кодира деловите на протеините кои се наоѓаат на површината на вирусот САРС-Ков-2. Вакцините кои делуваат на принцип на РНК користат делови од кодираниот протеин за стварање имунолошки одговор во телото кое потоа почнува да прави антитела. Дури откако ќе се предизвика имунолошки одговор, телото ќе го елиминира протеинот и РНК.

Антителата ќе останат во телото, но сè уште не се знае колку долго.

Што се наоѓа во вакцината против корона?

Објавен е и целиот список од состојки во вакцината на „Фајзер“. Тоа се РНК, липиди, калиум хлорид, монобазен калиум хлорид, двобазен натриум фосфат дехидрат и сахароза.

Липидите по РНК се следните клучни состојки во вакцината.

„Липидите, кои всушност се масти, се мали сферни лушпи околу РНК“, вели Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести и професор на Универзитетот Вандербилт за магазинот „Здравје“.

„Липидите се начин на кој вакцината ќе биде доставена во вашето тело во келиите“, додава стручњакот за заразни болести Амеш А. Адања, виш учител на „Џон Хопкинс“ Центарот за здравствена сигурснот.

„Липидите ѝ помагаат на РНК да остане недопрена и стабилна сè додека не влезе во нашето тело и не си ја сработи работата“, објаснува д-р Шафнер.

„Потоа липидите се распаѓаат и телото ги исфрла. Затоа липидите се единствени за овој вид вакцина, а остатокот од состојките се многу чести во вакцините, додава Џејми Алан, професорка и асистент на фармација и токсикологија на Факултетот во Мичиген и додава:

„Остатокот од состојките се многу чести во останатите вакцини“.

„Сите состојки имаат смисла“.

„Калиум хлоридот, монобазниот калиум фосфат, натриум хлоридот и двобазниот натриум фосфат се користат за одржување на стабилноста на вакцината, а сахарозата е вообичаен стабилизатор“, додава Алан.

„Калиум хлоридот е само сол“, истакнува д-р Адаља, додека Алан додава: „Сахарозата е вид шеќер и служи како стабилизатор“.

Стручњаците се согласни кога велат дека состојките на вакцината имаат смисла и дека во состојките нема ништо што би навело на загриженост.