УС Опен: Ѓоковиќ го совлада Милер, во второто коло утре со Запата
Њујорк– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утринава го совлада Французинот Александар Милер со 3:0 во првото коло на УС Опен. Резултатот во сетови беше 6:0, 6:2, 6:3.
Најдобриот српски тенисер по 17-ти пат во кариерата учествува на УС Опен, а го освои УС Опен во 2011, 2015 и 2018 година.
Во 2. коло Ѓоковиќ игра против Шпанецот Запата, а натпреварот е закажан за утре.