УС Опен: Циципас сензационално елиминиран, Ѓоковиќ без проблеми со Миралес
Њујорк- Новак Ѓоковиќ, синоќа, без многу мака се пласираше во третото коло од УС Опен и со 3-0 славеше над Шпанецот Запата Миралес, по сетови 6-4, 6-1, 6-1.
Српскиот ас важеше за огромен фаворит и комплетно ја оправда улогата, убедливо надигрувајќи го својот противник. Миралес прикажа нешто подобра игра во првиот сет, но потоа сѐ беше во знакот на Ѓоковиќ, кој од пред два дена повторно е на врвот на АТП листата.
Интересен двобој се очекува во следното коло, каде Ѓоковиќ ќе се соочи со својот сонародник, Ласло Ѓере. Србинот со унгарско потекло во второто коло го елиминираше Хуго Гастон од Франција.
Неочекувaн пораз и елиминација забележа Гркот Стефанос Циципас, кој загуби од Доминик Стрикер. Швајцарскиот тенисер е за 121. позиција полошорангиран од Циципас, но прикажа маестрална игра и по голема драма успеа да слави со 3-2, по сетови 7-5, 6-7/2, 6-7/5, 7-6/6 и 6-3.