Ураганот Милтон во Флорида усмрти најмалку 14 луѓе
Вашингтон – Бројот на жртви од ураганот Милтон што ја погоди американската сојузна држава Флорида се искачи на 14.
Шест луѓе загинаа во округот Свети Луси, што за 25 минути беше погоден од три торнада.
Милтон е најсилниот ураган во изминатите стотина години што ја погоди Флорида, иако пред да пристигне до брегот ослабна од категорија пет на категорија два.
Ураганот зад себе остави пустош, а во тек е потрага по преживеаните и санација на оштетените објекти. Според првичните податоци штетата се проценува на повеќе од сто милијарди долари.
Во надојдената вода, очевидци тврдат дека забележале и алигатори.