Ураганот Ида ја опустоши Луизијана, милион луѓе останаа без електрична енергија, едно лице загина

Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, големи дождови и високи бранови што преплавија голем дел од брегот, ослабе до категоријата 1 на скалата Сафир-Симпсон. Најмалку едно лице загина, јавија новвинските агенции.
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Луизијана и нареди да се испрати федерална помош за обнова до погодените области.
Според Белата куќа, помошта може да вклучува грантови за привремено сместување и поправки на домови, заеми со ниски камати за покривање на неосигурени имоти и други програми, пренесува Ројтерс.
Ураганот продолжува да носи разорни ветрови и поплави во делови од југоисточна Луизијана, соопшти Националниот центар за урагани (НХЦ).
WHOA: The lightning inside of Hurricane Ida looks like fireworks! ?⚡ pic.twitter.com/lTSRZD8jFe
— wdsu (@wdsu) August 28, 2021
Ида сега се наоѓа на околу 65 километри југоисточно од Батон Руж, со ветрови од максимални 175 километри на час и ќе продолжи да се движи понатаму кон внатрешноста кон југоисточна Луизијана.
Невремето ја погоди и клучната американска нафтена инфраструктура во таа област и го наруши снабдувањето со нафта. Делови од автопатот, кој се протега по должината на брегот на Луизијана и Мисисипи, се веќе под вода, според снимката од социјалните мрежи.
Во Њу Орлеанс, ветрот сруши покриви и водата почна да излева од езерото Панчетреин. Официјалните лица посочуваат дека поради брзото засилување на бурата, немаше време да се организира задолжителна евакуација на 390.000 жители на тој град.
Оние што останаа беа предупредени да се подготват за неколкудневен прекин на електричната енергија. Ида пристигна во Куба во петокот, а рачистувањето на последиците што ги остави започна во саботата. Дрвјата се соборени и зградите се оштетени, но нема жртви.
Се очекува ураганот брзо да ослабне во понеделник, но, предупредува NHC, Ида ќе остане во категоријата урагани уште неколку часа. Моментално е во категорија 1 и продолжува да слабее.
Целата област на Њу Орлеанс во неделата нешто после 19 часот остана без електрична енергија поради ураганот.
Според фирмата Ентерги, ураганот предизвикал „катастрофално“ оштетување на системот за снабдување со електрична енергија, а според податоците од веб -страницата на компанијата, повеќе од 673 илјади потрошувачи во областа Њу Орлеанс останале без електрична енергија. Во понеделникот наутро, податоците од страницата poweroutage.us покажуваат дека повеќе од милион луѓе се без електрична енергија.
Шеснаесет години откако ураганот Катрина ја погоди областа на југот на Соединетите Држави, ураганот Ида стигна до брегот на пладне во близина на Порт Форчон, Луизијана.
На жителите на најопасните крајбрежни области им беше наредено да се евакуираат неколку дена пред ураганот. Со приближувањето на бурата, итна медицинска помош во Њу Орлеанс и други места низ државата, која веќе беше погодена од четвртиот бран на пандемијата Ковид-19, исто така беше суспендирана. За пациенти хоспитализирани за Ковид, од кои има околу 2.450, евакуацијата не беше можна.
Nurse captures roof being blown off at OCHSNER main campus. (credit: Courtesy: Chrissy Gottbrath) #HurricaneIda #nola pic.twitter.com/xSM95o1Yj1
— BunChoum (@BunChoum) August 30, 2021
„Ова е една од најсилните бури што ја погодија оваа област“, рече гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс на прес -конференција, додавајќи дека државата „никогаш не била поподготвена“ како и дека насипите што ја штитат поголемата област во Њу Орлеанс, изградени по ураганот Катрина, ќе го издржат дејството на ураганот.
Сепак, Едвардс изјави дека се проценува дека некои насипи на југоисток, кои не биле изградени од федералната влада, ќе бидат пробиени, пренесува Гласот на Америка.
Стотици километри нови насипи беа изградени околу Њу Орлеанс по поплавите предизвикани од Катрина, во кои животот го загубија повеќе од 1.800 луѓе.
За само три дена откако се појави во Карипското Море како тропска бура, Ида се засили до ураган од категорија 4, со ветрови од 240 километри на час, објави НХЦ. За неколку часа, ураганот стигна до Њу Орлеанс како бура од категорија 3, со малку послаби ветрови, но со плимни бранови повеќе од предвидените 1,83 метри во некои делови на брегот.