Ураганот Ида го сопре текот на реката Мисисипи


Ураганот Ида, кој се смета за „екстремно опасен“, денеска ги погоди бреговите на Луизијана.

Според американските метеоролошки служби, ветровите се движат со брзина до 240 километри на час.

„Ида“ удри во близина на Форт Фуршон, јужно од Њу Орлеанс, шеснаесет години откако ураганот Катрина го опустоши овој регион во јужниот дел на САД.

Брзината на ветрот се намали, но Ида и понатаму е ураган од четврта категорија

Ураганот Ида, продолжи да го зафаќа копното на САД, односно подрачјетона Луизијана, а во моментот е на 45 милји (60-тина километри) од Њу Орлеанс, кави Националниот центар за урагани.

Најголемата брзина на ветрот се намали на околу 210 км/ч, што и понатаму ја држи бурата во 4-та категорија ураган.

Се движи кон северозапад, а се очекуваат поплави, силни врнежи и ветрови.

Ураганот го промени текот на Мисисипи

Бирата и силните ветрови на ураганот Ида го сопреа текот на реката Мисисипи во блзина на Њу Орлеанс, објави Гелошкиот завод на САД:

И не само тоа, ураганот го смени текот на реката, што според американските геолози е „екстремно невообичаено“.

„Се сеќавам дека дојде до промена на текот на Мисисипи за време на ураганот Катрина, но тоа е многу ретко“, вели за Си-ен-ен Скопт Периен, надзорен хидролог од Геолошкиот завод.

Тој забележал дека нивото на реката нараснало за нешто повеќе од два метра.

„За тоа време, текот на реката се преполови од околу 30 см во секунда на околу 15 см во секунда“, додава Периен.

Сепак, вели тој мерачот него мери целиот проток на реката, па можно е долните делови да не се промениле во својот тек.

„Мисисипи е погоден од последиците на бурата на големо подрачје. Се до Батон Руж нивото на реката е пораснато за 45 см, а веројатно во следниве часови уште ќе расте“, додава Периен.

Без струја 400.000 домаќинства

Бројот на домаќинства кои останаа без струја се искачи на 400.000.

Се очекува тој број да расте, како што Ида ќе се шири по копното.

Националниот центар за урагани јавува дека екстремно силни ветрови с ешират низ сојузната држава Луизијана, а подигнувањето на нимото на морето предизвикало поплави за кои од Центарот предупредуваат дека се животозагрозувачки во следните часови.