Уништените патики на „Баленсијага“ чинат 600 долари: Мама вели дека веќе ги имам дома
Уништените патики на „Баленсијага“ од лимитираната колекција чинат повеќе од 600 долари, односно се продаваат по цена од 625 долари.
Get it Right With Rea Business Wednesday
Balenciaga has released their latest footwear collection.
On Monday, 09 May, the Paris sneaker was made available online in Europe.#getitrightwithrea#Balenciaga#businesswednesday pic.twitter.com/Q2h4AuPdfh
— Get it Right With Rea (@GetitRightRea) May 11, 2022
Новата колекција патики се вика „Парис сникер“, а од оваа модна куќа порачуваат дека „целта им била да креираат патики кои ќе може да ги носите цел живот“. Моделите подразбираат редизајн на класичните патики, „обувки износени и валкани“.
Alright, this is the worst sneaker I’ve seen today… Balenciaga has to be trollin pic.twitter.com/nmMTDePmB6
— Seth Fowler (@RealSethFowler) May 9, 2022
Колекцијата ги згрози корисниците на Твитер:
„Ова се најлошите патики кои денеска ги видов. Мора „Баленсијага“ да се шегува“, порачуваат луѓето на мрежите.
Mom can i have #Balenciaga Sneakers
Mom : we have those at home
*Balenciaga sneakers at home pic.twitter.com/U8ouzlIvXg— KyuChaltaHaiPawan (@DumraPawan) May 10, 2022
Исто така, неколкумина напишаа дека и веќе ги имаат:
„Мамо, може ли да ги имам патиките на „Баленсијага“?
– Веќе ги има дома – пишуваат.