Унца злато за прв пат во историјата се искачи над 2.500 долари


Цената на златото денеска за прв пат се искачи над 2.500 долари за унца, што ги подгреа очекувањата дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки.

Цената на златото попладнето достигна 2.500,16 долари бидејќи најновите податоци на пазарот на недвижности во САД покажуваат дека намалувањето на каматните стапки во САД ќе биде побрзо и позначајно од очекуваното.

Пониските каматни стапки се генерално позитивни за златото бидејќи тоа не плаќа камата, пишува Блумберг.

Цените на златото се зголемија за повеќе од 20 отсто оваа година, бидејќи овој благороден метал се смета за безбедно засолниште за капиталот во денешниот свет на растечки геополитички ризици на Блискиот Исток и Украина, пренесува Танјуг.

Светските централни банки се многу заинтересирани за златото и со нивното купување дополнително ја зголемуваат неговата цена, наведува њујоршката агенција