Унапредување на соработката и дигитализација на процесите во фокусот на средбата на гувернерката и директорот на Царинската управа


Соработката меѓу Народната банка и Царинската управа и активностите за нејзино продлабочување биле во фокусот на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

На средбата, како што соопшти денеска Народната банка, се разговарало за натамошната дигитализација на процесите на двете институции, особено поврзани со обезбедувањето податоци преку Системот за обработка на царинските декларации и акцизни документи (СОЦДАД), што се основа за составување на дел од надворешните статистики.

На состанокот била истакната важноста на меѓуинституционалната соработка во повеќе области, со посебен акцент на процесот на размена на податоците и информациите и потребата за зголемување на ефикасноста преку поголема дигитализација.

– Преку заокружување на проектот за користење на податоците од Царинската управа од страна на Народната банка преку современи веб-услуги, ќе се придонесе кон поефикасен систем на прибирање, изгoтвување и објавување на статистичките податоци, посочила гувернерката.

Директорот на Царинска управа посочил дека е потребно да се зајакне и подобри институционалната соработка, преку размена на податоци.

– Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите особено во делот на меѓународните трансакции е клучно, нагласил Николовски.