Улицата со најмногу кривини на светот
Улицата „Ломбард“ во Сан Франциско, Калифорнија е позната како улицата со најмногу кривини на светот на најмало растојание.
Таа се протега во правец исток-запад, а позната е како стрмна делница со осум остри кривини.
Улицата „Ломбард“ на почетокот била права, калдрмирана улица со наклон од 27 %. Но, во дваесеттите години на минатиот век, житечите почнале да купуваат автомобили, а овој наклон бил премнгоу стрмен, па тие не можеле да се искачат до дома со своите автомобили.
Идејата улицата да добие кривини на мало растојание ја дал Карл Хенри, бизнисмен кој поседувал половина од парцелите на улицата и земјиштето околу неа.
Бидејќи оваа делница од улицата била непристапна за возилата, вредноста на недвижностите била пониска откаколку за соседните улици, па жителите се обратиле до градскиот инженер Клајд Хили, кој проектирал нова траса за улицата.
Договорот бил градот да инвестира во изградба на улица со кривини, а жителите да ги изградат скалите и да го одржуваат околното зеленило. Кога улицата била реконструирана, возилата можеле да ја совладаат угорнината, па со самото тоа пораснала вредноста на недвижнините.
Денес на оваа улица се наоѓаат некои од најскапите станови во Сан Франциско.
Улицата заслужено го доби и местото во Гинисовата книга на рекорди за најзакривена улица – во должина од 400 метри, улицата има осум кривини.