Украинците се плашат дека ќе им се случи Грозни


Кога рускиот пеетседател Владимир Путин зборува за „специјална операција“ во Украина, Украинците се сеќаваат на најголемото разурнување што го видел светот по Втората светска војна, бомбардирањето на Грозни, главниот град на Чеченија.

Нема Украинец што нема да ви каже дека од Путин очекуваат се и дека се можни сите сценарија, иако Меѓународниот суд во Хаг веќе отвори предмет за воени злосторства.

На што мислат се гледа од овие три фотографии на Грозни, кој од обединетите нации беше прогласен за најразурнат град во историјата, а причината за тоа беше желбата на Чеченија да биде независна држава. Денес сите медиуми јавија дека колона од 64 километри исполнета со воени возила се движи кон Киев, златната престолнина на православието.