Украина увезува рекордно количество струја


Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека ќе увезе рекордна количина електрична енергија од пет неименувани европски земји, поради значителна штета на енергетската инфраструктура предизвикана од руските напади.

Се очекува Украина да увезе 19.474 мегават часови, што е повеќе од претходното највисоко количество електрична енергија што земјата увезуваше, што беше 18.649 мегават часови.

Украина ја увезе таа количина на крајот на март, по првиот бран руски напади врз украинскиот енергетски сектор.

Русија во последните месеци изврши ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина.

Украинските сили извршија неколку напади врз руските енергетски постројки, што наиде на осуда од САД поради стравувањата дека нападите би можеле да го нарушат светскиот енергетски пазар.