Украина: Убивме 19.000 руски војници
Украина објави нов извештај за руските загуби во инвазијата. Тие велат дека биле убиени 19.000 руски војници.
Украинците уништија 1.891 руски оклопни транспортери, 135 хеликоптери, 700 тенкови и 150 авиони, соопшти Украина. Овие бројки сè уште не се независно потврдени.
НАТО проценува дека досега се убиени околу 15.000 руски војници, а Русија минатиот месец ја призна смртта на 1.351 војник.
Но, вчера, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави за Скај њуз дека загубите на Русија се „значајни“ и додаде дека тоа е „огромна трагедија“.