Украина тестираше ракета со долг дострел од домашно производство
Украина успешно тестираше балистичка ракета од домашно производство, изјави вчера претседателот Володимир Зеленски. Тој ова го најави на форум во Украина, но освен што и честиташе на воената индустрија на неговата земја, не откривајќи повеќе детали.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров еден ден претходно изјави дека Украина развила оружје со долг дострел, а Зеленски во текот на викендот претстави уште едно ново оружје од домашно производство, брзото борбено беспилотно летало Паљаница.
Украинскиот претседател објави дека армијата се бранела од руските напади оваа недела со борбени авиони Ф-16 испорачани од западните земји. Тој уште еднаш ги повика сојузниците да ги отстранат ограничувањата за употреба на испратеното оружје, како што е забраната за истрелување ракети со долг дострел на руска територија, пишува Дпа.