Украина: Љубов за време на војна
Изложба за разорувачкото влијание на руската агресија врз украинското општество, забележано преку објективот на 95 меѓународни фоторепортери преку 50 фотографии направени во периодот од 2014-2024 година
Bo Белград минатата недела беше отворена изложбата „Украина, љубов и војна“, инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата „Фото евиденција“, која претставува сведоштво за разорувачкото влијание на руската агресија врз украинското општество, забележано преку објективот на 95 меѓународни фоторепортери. На изложбата се прикажани 50 фотографии направени во периодот од 2014-2024 година.
Изложбата е организирана од Фондацијата „Отворено општество“ која е меѓу првите фондации кои ја поддржаа Украина уште од 1991 година, кога Украина стана независна држава, во моментите кога на украинската демократија ѝ требаше поддршка за да зајакне.
Според зборовите на Светлана Бацеванова, извршна директорка на „Фото евиденција“ и кураторка на изложбата, љубовните приказни во книгата „Ukraine: Love+war“ претставуваат светли точки во најмрачните времиња, пишува во својот извештај за изложбата „Трн“.
„Тие за цената на војната зборуваат на универзален јазик. Овие приказни ни помагаат да разбереме што многу Украинци на личен план секојдневно ризикуваат да го изгубат“, рече Бацеванова.
„Патувавме со оваа изложба во различни европски држави за да им помогнеме на луѓето да го разберат подобро фактот дека Украина веќе ја нема во медиумите. Но факт е и дека Европа треба да продолжи да ја поддржува Украина, и тоа е исто така важно. И затоа решивме да ја донесеме оваа изложба, да патуваме, и луѓето да разберат што значи да си сега во Украина. Верувам дека во оваа изложба постојат фотографии кои можат да предизвикаат сочуство, можат да предизвикаат тага, но можат да предизвикаат и поттик. И како што можете да видите ја нарековме изложбата ‘Љубов и војна’. Бидејќи постои војна, застрашувачки е. Но другото нешто што го гледаш освен војната е љубов“, вели Светлана за „Трн“.
Покрај војната на фронтот, украинското општество води и „информативна војна“ со цел да добие разбирање од целиот свет, велат фотографите вклучени во проектот.
„Ако луѓето кои ги фотографирате умрат, прво што треба да направите е да им ја дадете фотографијата на семејството, затоа што тоа е последниот спомен од таа личност. Ако сте сведок на убиство, навистина е комплицирано, но вие сте фотограф и си ја работите работата и покрај тоа што е тешко треба да се фокусирате на вашата работа и да се трудите да не гледате поинаку на тоа што се случува. Ако почнете да гледате поинаку нема да можете да го сработите. Треба само да се фокусирате и да го одработите“, вели за „Трн“ фотографката Гаел Гирберс.
Фотографијата како документ за воените злосторства. Нешто што што останува како сведоштво. Затоа и улогата на фотографите и генерално новинарите е толку значајна.
„Моја работа е да првам фотографиии да ги покажам фотографиите на светот. Да бидам гласот на народот, затоа што мислам дека документите на воените злосторства во војната мора да се документираат колку што може повеќе, затоа што иако не е праведно за сите оние кои се убиени, кога сите овие фрагменти од војната ќе се соберат и луѓето нема да го заборават ова, затоа што фотографиите остануваат со нас засекогаш. Сме биле сведоци на многу работи. На смрт, на повреди и сето тоа влијае на нас и на луѓето кои работат со траума, физичка или ментална траума. Работиме на првата линија на фронот и гледаме сѐ со свои очи и војната влијае на нас, но имаме мисија и секојденвна задача да продолжиме да им кажуваме на луѓето дека војната продолжува и трае и сите овие слики фотографии и видеа помагаат да не се заборави“, вели Евгени Малолетка, фотограф и новинар.
Малолетка стана светски познат новинар затоа што остана меѓу ретките во приморскиот град Мариупол кој беше под опаса на руските трупи, работејќи за Асошиетед прес. Фотографиите од рускиот напад на породилиштето во Мариупол и ранетитет бремени жени му ја донесоа наградата World Press Photo of the Year, аво 2023 доби две Пулицерови награди, кои ги подели со уште неколкумина фоторепортери.